| четврток, 6 декември 2018 |

Средовечен маж пронајден мртов во својот дом во Кичево

Маж на возраст од 51 година вчера бил пронајден мртов во својот дом.

Според информациите на МВР, вчера околу 22 часот било пријавено дека во Кичево на улицата 15 ноември во семејниот дом пронајдено е телото на С.С. (51) во фаза на распаѓање.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Кичево, а по наредба на јавен обвинител телото било предадено во Судска медицина за вршење обдукција по што ќе бидат познати причините за смртта.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top