Томас Маркл, таткото на војвотката Меган Маркл, изјави дека според нејзиното однесување може да се види дека „тешко излегува на крај со обврските од кралскиот начин на живот“, но и дека одбива да разговара за тоа.
Тој вели дека со неговата ќерка не разговарал од венчавката, а последниот пат разговарале за неговата здравствена состојба по операцијата на срцето.
–Имам впечаток дека мојата ќерка е уплашена од животот што во моментов го води, изјави Томас Маркл за „Сан“ .
Според него, очите на Меган кријат длабока тага и дека нејзините насмевки се лажни.
–Знам како се смее од малечка. Ова не е тоа, не е вистински среќна, истакна Томас Маркл, кој додава дека неговата ќерка веќе не одговара дури и на неговите пораки.
Тој вели дека неговата здравствена состојба е тешка и дека сака повторно да оствари контакт со неговата ќерка. Таткото на Меган Маркл додава дека и претходно не се гледале често, но дека никогаш немале толку долг прекин во комуникацијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст