| четврток, 6 декември 2018 |

Ивановски: Kако да трчам за Македонија, кога вратата на стадионот ми ја затворија пред нос!

Дарио Ивановски, најдобриот македонски атлетичар утрово се соочи со голем проблем. Вработените на Арената „Филип Втори“ не доволија да го одржи денешниот тренинг, револтиран од ваквото однесување тој се огласи на својот „Фејсбук“ профил.

Иако на нашиот најголем стадион денеска ќе се одигра реванш мечот меѓу Шкупи и Ренџерс во Лига Европа, не би требало да биде проблем за Ивановски да го одржи тренингот, бидејќи тој секoјдневно се подготвува.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top