Весникот Слободен Печат каде што главен уредник е Бранко Героски доби грант од 10 милиони денари од Фондот за иновации на Република Македонја. Парите им се доделени во првиот јавен повик за финансирање на микро, мали и средни претпријатија од Планот за економски раст – 3 столб.
Во документот кој го објави Фондот за иновации, стои дека овој провладин весник парите ги добил за набавка на печатарска машина и производна хала.
Фондот за иновации е институција која финансира иновации на македонски иноватори, па нејасно е како набавка на печатница може да биде прикажана како иновација.
Ова не е прва прилика медиуми и компании во кои работат провладини перјаници да добиваат пари од државата, претходно, компанија на Борјан Јовановски, Мери Јордановска и Сашка Цветковска доби 90.о00 евра од Агеницјата за филм, а компанија во која е ангажиран Сашо Орданоски доби 125.000 евра од истата институција.
Слатки 85.000 евра од граѓаните за Сашка Цветковска, Борјан Јовановски и Мери Јордановска (ВИДЕО)
Во петокот во Македонската филхармонија, добитниците на грантови од Фондот за иновации и технолошки развој се сликаа со премиерот Заев, вицепремиерот Анѓушев и директорот Деспотовски. Таму не беа присутни луѓе од Слободен печат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст