| четврток, 6 декември 2018 |

Французин јаде шамар во Загреб, провоцираше среде толпа (ВИДЕО)

За време на финалниот натпревар на СП 2018, Французин избегна поголем ќотек, кога среде плоштадот во Загреб се радуваше на победата на триколорите. Пред натпреварот се поздрави со навивачите на Хрватска, но по завршвањето на натпреварот и победата на неговата репрезентација се одлучи на провокација.

Се качи на бандерата каде го славеше триумфот на Триколорите, а навивачите на Хрватска брзо го симнаа на тлото.

Доби шамар и уште неколку удари и сигурно нема по добро да го памети престојот во главниот град на Хрватска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top