| четврток, 6 декември 2018 |

Ефектот Кристијано Роналдо: За 24 часа продадени 520 илјади дресови

Пристигнувањето на Кристијано Роналдо во Торино предизвика тотално лудило кај навивачите на Јувентус.

Тоа најмногу се чувствува во продавниците на клубот каде дресовите на португалскиот ас одат „како алва“. Во последните 24 часа откако тој пристигна во градот, продадени се неверојатни 520 илјади дресови.

Оригинален дрес од марката Адидас со неговото име чини 104 евра, а реплика е околу 45 евра. Во просек, Јувентус на еден дрес заработува по 74 евра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top