| четврток, 6 декември 2018 |

Трамп му намигна на Путин: Мислам дека светот сака да види дека се согласуваме! (видео)

Почна состанокот на Владимир Путин и Доналд Трамп во Хелсинки, откако позираа на фотосесија, вели Гардијан. Двајцата мажи изгледаа напнато, не се смееја многу и се ракуваа само три секунди.

Во самиот почеток Трамп му рече на Путин дека планира да разговара за трговијата, војската, ракетите и за Кина. Тој не ги спомена руското мешање на изборите во САД, Украина, Сирија, НАТО или труењето во Солзбери. Трамп му честита на Путин на успешното Светско првенство а во еден момент и чудно му намигна, што камерите секако го овековечија.

„Соработката со Русија е добра работа“, рече Трамп откако призна дека САД и Русија „не се согласуваат многу добро последниве години“. „Навистина мислам дека светот сака да види дека се согласуваме. Ние сме две големи нуклеарни сили“.

И Путин и Трамп го одложија своето пристигнување на самитот, што беше широко толкувано како дипломатска игра. Авионот на Путин пристигна во Хелсинки речиси еден час по почетокот на самитот. Трамп потоа го одложи своето доаѓање во Претседателската палата, каде што се одржуваат разговорите.

Во твит пред самитот Трамп рече дека односите меѓу САД и Русија „никогаш не биле полоши“, а во друг твит Трамп го поздрави минатонеделниот засилен состанок со НАТО како успех.

„Имавме навистина одличен самит, кој беше неточно пренесен од голем дел од медиумите. НАТО сега е силно и богато!“

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top