| четврток, 6 декември 2018 |

Заврши СП, денеска во Загреб се случува најголемата забава на плоштадот „Бан Јелашиќ“

Дочекот на хрватската фудбалска репрезентација која вчера го освои сребрениот медал на Светското првнество (СП) кое заврши во Русија во живо на плоштадот во Загреб „Бан Јелашиќ“ ќе го следат во живо 250 најугледни телевизиски станици од целиот свет. Настанот ќе се снима со 60 камери, а хрватската репрезентација на аеродромот ќе ја дочекаат уште 30 камери. Планот е на бината да бидат 23 играчи и никој друг. Нема место за политичари, најавува организаторот.

Авионот на „Кроација ерлајнс“ со кој треба да слетаат фудбалерите има само еден натпис, „Браво огнени“!.

Нема да има политички говори, протокол, ќе има само водители.

Возењето со отворениот автобус кој ќе биде накитен по стандардите на ФИФА во кој капитенот Лука Модриќ и другарите ќе се возат ќе трае околу еден час.

Доаѓањето на фудбалерите на загребскиот плоштад се очекува околу 16.30 часот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top