| четврток, 6 декември 2018 |

Прилепчанец пронајден мртов во парк во Прилеп

Прилепчанецот С.И. (25) бил пронајден мртов изутринава на клупа во центарот на Прилеп. Според прилепското Јавно обвинителство, на телото на починатиот немало траги на насилство. Телото било однесено на обдукција по што ќе се знаат причините за смртта.

– Починатиот бил пронајден во 6.15 часот, легнат до клупа во малиот парк зад музејот „11 Октомври“- Участакот. Нема траги на насилство, а на телотпо на починатиот ќе се изврши одбукција – вели Мимоза Мрмеска, заменик јавен обвинител од ОЈО Прилеп.

Полицијата извршила увид откако кај нив било пријавено од службата за итна медицинска помош.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top