Русија е подготвена да стори се што е во нејзина моќ за да предизвика дестабилизација на регионот на Западниот Балкан, кого ЕУ го запостави во последите 10 години, се оценува во Извештај на британскиот Комитет за надворешни работи.
Според авторите на документот, празнината што настана на Западниот Балкан со политиката на Европската унија за запоставување на регионот, ја искористија и ја пополнија други меѓународни актери, како Русија, Кина и Турција.
– Русија е подготвена да стори било што само за да го дестабилизира Западниот Балкан и неговиот пат кон стабилност и демократија. Тоа се гледа и во руската поддршка на обидот за државен удар во Црна Гора во 2016 година, се наведива во Извештајот.
Како што пренесува белградски „Блиц“, во текстот се потенцира дека постои стравување оти Русија ќе се обиде да го попречи договорот меѓу Грција и Македонија, како и дека константно ги поддржува „дестабилизирачките лидери во Република Српска“, се што би можела да го дестабилизира кревкиот мир во Босна и Херцеговина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст