| четврток, 6 декември 2018 |

Грешката која ја направи кралскиот персонал на средбата на кралицата со Трамп и Меланија

Доналд и Меланија Трамп беа на официјална посета кај кралицата Елизабета.

Иако, сè помина во раскошен стил, на една од фотографиите направена во Виндзор замокот се гледа пропуст на кралскиот персонал, каков што се случува ретко.

Тие заборавиле да ја тргнат белата чинија од која се хранат двете кучиња на кралицата, кои живеат во замокот. На фотографии од други средби на кралицата се гледа дека чинијата ја нема таму.

За средбата, првата дама на САД изгледаше беспрекорно во костим од Dior во крем нијанса.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top