| четврток, 6 декември 2018 |

Децата кои беа спасени од пештерата тагуваат по загинатиот нуркач – еве што му ветија (фото)

Дванаесеттемина млади фудбалери, кои беа извадени од тајландските пештери по две недели, тагуваат по поранешниот маринец кој го загуби животот во големата меѓународна спасувачка операција која беше покрената за да ги спасат.

Саман Гунан, кој доброволно се пријавил да учествува во спасувањето, загина на 6 јули, кога остана без кислород на враќање од пештерите. На децата и на нивниот тренер вчера им било кажано за трагичниот настан, кога лекарите заклучиле дека се доволно силни за да ја примат оваа информација.

– Сите плачеа и го искажаа своето сочувство испишувајќи пораки на цртежот на Гунан. Тие одржаа и минута молчење за него, му се заблагодарија и му ветија дека ќе бидат добри момци, изјавија од министерството за здравство на Тајланд.

Децата на возраст од 11 до 16 години, чие спасување заврши на 10 јули, ќе останат во болница до четврток, при што им е советувано потоа да избегнуваат медиуми. Тие беа поканети на финалето на Светското првенство во Русија, но мораа да одбијат од медицински причини.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top