Планинари спасувачи од Дирекцијата за заштита и спасување – Битола успешно ја завршија потрагата по турист од Франција кој вчера залутал низ моликите на планината Баба.
Гостинот од Франција на возраст од околу 23 години, престојувал во Битола, а викендот го исскористил за планинарење, но се загубил во пределот под врвот Пелистер, информираат од Дирекцијата за заштита и спасување во Битола.
-Потрагата по момчето ја почнавме веднаш по пријавата дека не контактира со своите домаќини. Го пронајдовме околу полноќ во непосредна близина на Мало Езеро, под антената на Пелистер. Момчето беше вознемирено, уморно и уплашено. Го прифативме, му дадовме вода и храна, а од денес е со своите пријатели на гости во Битола, изјави Петар Нолев, член на тимот спасувачи од Битола.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


