| четврток, 6 декември 2018 |

Ракитиќ: Франција даде четири гола од три шута

Иван Ракитиќ вели дека Франција имала повеќе среќа, но на крајот признава дека заслужено стигнале до големиот трофеј. Иако направија историски успех, Хрватите со солзи си заминаа од Светското првенство поради поразот во финалето од Франција.

„Ние бевме подобри во првото полувреме, напаѓавме повеќе, тие имаа повеќе среќа. Постигнаа четири гола од нивните три шута на голот. Но честитки за Франција, го заслужија тоа“, вели Ракитиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top