| четврток, 6 декември 2018 |

Дешамп: Само во едно бевме посилни од Хрватска

Не игравме спектакуларно во финалето, но ментално бевме послини од Хрватите, изјави по освојувањето на првенството францускиот селектор Дидие Дешамп.

-Екипата е многу млада и прекрасно е што некој на 19 години станува првак на светот. Знам дека не одигравме совршен натпревар, но дадовме четири гола. Не болеше многу што дома го оизгубивме европското злато пред две години, но научивме нешто од тоа. Овие 55 дена работевме напорно и се исплатеше. Горди сме што сме Французи. Да живее Републиката, рече третиот човек кој титулата светски првак ја освоил и како тренер и како играч. 

Стрелецот на првиот гол на Франција, Гризман, пресреќен.

-Не знам каде се наоѓам, плачам од среќа. Хрватска одигра прекрасен натпревар, но ние дадовме четири гола. Едвај чекам да се вратиме во Франција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top