Претседателката на Хрватска Колинда Грабар Китаровиќ пред почетокот на денешната средба со рускиот претседател Владимир Путин му подари црвено-бел дрес од националниот фудбалски тим на земјата со број 9.
Грабар Китаровиќ појасни дека дресот е „за вечер”, кога ќе се одигра финалето на Мундијалот 2018 помеѓу тимовите на Хрватска и Франција.
Хрватската претседателка по традиција беше облечена во националните бои – црвено палто и бели панталони.
Претходно, таа објави видео порака на Фејсбук, со која им се заблагодари на руските навивачи за добриот прием за време на Светското првенство во фудбал, повикувајќи ги во финалето меѓу Франција и Хрватска да навиваат за нејзината земја.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст