Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, од говорницата во Кавадарци порача дека ќе ја слави европската иднина, но најпрво ќе се прави ревизија на аболицијата за „Глобал“, како и за ослободителната пресуда за „Поткуп“.
– Во овој момент сме далеку од ЕУ и од НАТО. Таму не се местат тендери за членови на владата или за браќа на премиерите, не се возат со воени хелихоптери по приватни ручеци и вечери, нема ослободени криминалци или аболирани премиери, нема градоначалници со комбе шверцуваат цигари…
– Кога од власта ќе речат се договарате за ДИК за да сме осигурале некаква амнестија, треба да се знае дека на таквите лаги им нема крај. Не бе луѓе, не бараме ништо, бараме само фер услови да можеме да ве декласираме на следните предвремени парламентарни избори. Тоа бараме. Тоа ли е толку многу и страшно? Толку ли не сакате да се пуштите од власта? Јас ве разбирам таа власт ви е неопходна да ги обелите вашите криминални досиеја, да можете да заработите уште неколку десетици милиони евра, но на тоа ќе му дојде крајот, за тоа ќе одговарате, истакна Мицкоски на денешниот протест.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст