Портпаролот Миле Бошњаковски од НАТО-журка продолжи на Галичка свадба. Бошњаковски има две причини да биде коњаник на Галичката свадба – и самиот има потекло од тој крај, но и годинешен покровител на манифестацијата е премиерот на РМ, Зоран Заев.
Прифаќањето на поканата да биде дел од Галичката свадба го критикува Ивор Мицкоски.
Денеска во селото Галичник завршува 45. Галичка свадба. Младенци на годинашната манифестација се Тања Лепческа која има потекло од Галичник и Златко Димовски, кои се избрани во конкуренција од четири пара. Тања од својата петта година учестува на манифестацијата, а Димовски неодамна рече дека е подготвен за големиот ден и дека добро ги научил сите обичаи што се белег на Галичката свадба.
Во време на овие два свадбарски денови се одржаа 30 обичаи, а црковната венчавка се одржа во храмот „Св. Апостол Петар и Павле“. На манифестацијата учествуваа околу 100 статисти облечени во галички носии, КУД со околу 30 учесници, коњица и коњи, вкупно околу 250 луѓе.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст