Британски нуркач кој учествувал во спасувањето на фудбалскиот тим од поплавената пештера во Тајланд му порача на Илон Маск „да си ја набие подморницата таму кај што боли“, нарекувајќи го обидот на Маск да помогне во спасувањето со миниподморница „рекламен трик“. Верн Ансворт рече дека двометарската подморница, која шефот на Спејсекс ја изуми и му ја даде на спасувачкиот тим, „немаше никаква шанса да функционира“, бидејќи пронаоѓачот-милијардер „немаше поим како изгледа пештерскиот премин“.
Маск неделава отиде до системот пештери Там Луанг во Чианг Раи и го претстави пловилото со големина на „дете“, за кој рече дека би можел да помогне во спасувањето на 12-те ученици што беа со недели заглавени во мрежата од поплавени тунели со својот тренер.
Шефот на спасувачката мисија го опиша уредот како „непрактичен“ за операцијата, за која требало момчињата да се протнат преку тесни, остри премини. Сите 13-мина подоцна беа спасени од нуркачите без помош на Маск, иако тајландските власти рекоа дека подморницата може да биде корисна за идните мисии.
Основачот на Тесла инсистираше дека неговата подморница ќе може да се движи низ тесните тунели и рече дека поранешниот тајландски провинциски гувернер, кој ја отфрли неговата технологија, „не е експерт за темата“. Но Ансворт ја опиша понудата на Маск да им помогне како „обичен рекламен трик“.
– Може да си ја набие подморницата таму каде што боли“, изјавил тој за Си-ен-ен.
– Немаше никаква шанса да профункционира. Тој немаше поим како изгледа пештерскиот премин. Подморницата, верувам, беше околу два метри долга, крута, цврста, така што немаше да ги помине аглите или да ги заобиколи пречките. Немаше да ги помине ни првите 50 метри во пештерата од влезната нуркачка точка. Само рекламен трик.
Искусниот истражувач на пештери рече дека Маск бил „замолен многу брзо да си оди“ откако се појавил кај пештерите за време на операцијата за спасување во вторникот.
Ансворт, кој е од Сент Албанс, но живее во Чаинг Раи, планирал да оди во пештерата Там Луанг на денот кога во неа се заглавил тимот „Вепри“.
– Ја спремив целата моја опрема и планирав да отидам сам само за да видам какви се нивоата на водата, рече тој. „Потоа ми се јавија во два часот наутро, и бев таму сите 17 дена“.
Темелното запознавање на Ансворт за пештерскиот систем, кој тој го опиша како „втор дом“ откако шест години го истражувал, се покажа клучно во мисијата за спасување. Тој ја утврдил локацијата каде што верувал дека тимот е засолнет и тие подоцна беа пронајдени на 200 метри од тоа место.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст