Следува тежок период. Следува период во кој како што слушате на премиерот не му е важно дали ќе била Северна или Јужна , затоа што за него е сеедно дали е Македонија или било кое друго име. Тоа е како да кажете денот е ноќ, а црното бело, како да кажете крвописот во Ваташа непостоел, а таму токму за тоа име згаснале 12 млади животи. Како да ги помножите со нула што за оваа земја се бореле и кавадарчаните Велков, Минчев, Ќурчиев и Иванов кои и го формирале првиот комитет на ВМРО после солунскиот, и пред чија спомен-плоча го држиме и денешниот митинг.
-Оваа битка нема да биде лесна. За оваа битка мора да сме мудри, трпеливи.
Мицкоски рече дека додека изборот се движи помеѓу кариерата на Заев или иднината на МакедонијаВМРО-ДПМНЕ ја избира Македонија.
Горди Македонци, нашите великани пишуваа:
Да се биде Македонец –
најпрво е света работа,
а дури потоа проклетство и немир.
И не сме Македонци
само затоа што зборуваме на македонски,
и не сме Македонци
само затоа што пееме на македонски –
Македонци сме затоа
што тагуваме на македонски!
Но, прекрасно ми е што сум Македонец
Оти само еднаш
татковината се освојува однадвор,
а потоа секогаш се освојува само одвнатре!
Неплодна земја не раѓа,
а Македонија раѓаше: и бунџии, и ајдуци,
и комити, и партизани!
Од гнездо на црно пиле бело не се извело:
ни во сон не помислувајте дека Македонија
не е татковина на Слободата,
дека не е нива на љубовта,
дека не е поле на верата, цитираше Мицкоски.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ порача дека Македонија се буди.
-Овој пат ќе го чекориме заедно. Рамо до рамо, срце до срце ќе чука во периодот кој доаѓа. Затоа што сите сме и потребни на Македонија. Можеби нема да имаме втора шанса, мора да сме подготвени. Колку сме-толку сме и горди сме. Македонија ќе победи, порача Мицкоски.
Фото: Република
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


