| четврток, 6 декември 2018 |

Светска мапа на здравјето

Одра Ноел, уметник, создаде „Мапа на здравјето“, која ги претставува земјите и регионите како различни телесни ткива, врз основа на стапките на застапеност на различни болести во различни региони.

Северна Америка има проблем со дебелината (масти). Централна и Јужна Америка се претставени како пулмолошко ткиво (бели дробови) овде пушењето и респираторните инфекции се водечки причини за смрт кај најголем број лица.

Европа со своето старо население страда од неуродегенеративни заболувања, како деменција (неврони, мозочно ткиво)

Големите делови на Средниот Исток и Централна Азија се претставени како кардио мускул ( срце) бидејќи овде луѓето во главно боледуваат од срцеви болести.

Далечниот Исток и Пацификот се претставени со ткиво на панкреас; во овој регион главен здравствен проблем е дијабетисот, и неретко се вели дека таму владее епидемија на дијабетис.

Африка пак, на оваа карта е претставена со крв. Единствениот континент каде водечка причина за смрт се преносливите болести (инфекции) особено маларија и ХИВ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top