| четврток, 6 декември 2018 |

Петре, дали го исчисти ѓубрето од Градскиот парк? (ФОТО)

Заврши првата пропадната журка откако Шилегов е татко на Скопје. Ако го употребиме неговиот таатковски и функционерски речник, малку народ, сигурно и малку ѓубре за чистење.

Скопскиот градоначлник вечерта на 2 јуни, по големиот протест на ВМРО-ДПМНЕ, на Фејсбук настапи со говор на омраза и со сериозно безобразен коментар по протестот. Тој напиша: „Го исчистивме ѓубрето. Како и секогаш…“.

Граѓаните ја прочитаа неговата порака, која најмалку од се прилега на градски татко и функционер од владејачка партија.

Синоќа, со неговите зборови, му порачаа: „Петре, исчисти го ѓубрето“.

Граѓаните се револтирани што владата организира журка на која го слави најголемиот, историски, дипломатски пораз на Република Македонија.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top