Луксузните возила на владата на премиерот Заев, за кои граѓаните ќе платат 1 милион 779 илјади евра, треба да стигнат најдоцна до септември, стои во договорот што СОЗР го склучиле со „Порше“ минатата недела, објави Алфа. Министрите и државните функционери ќе се возат во најлуксузната верзија на германската марка фолксваген – пасат, возилата ќе бидат во црна металик боја, со затемнети стакла, кожен волан што возачот ќе може да го командува и со глас.
Пасатите се со автоматско затемнување на ретровизорите, сензори за магла, дожд, сензори за судир. Возилата ќе се стартуваат без клуч, сами ќе реагира доколку возачот е уморен. Функционерот на задното седиште ќе има посебен сензор за да си пушта греење и ладење во возилото, а удобноста ќе ја гарантираат и седиштата кои ќе се прилагодуваат на телото на патникот. СОЗР вчера за Алфа, одговорија кој се ќе има право на користење на возилата, цитирајќи ја законската процедура кои ВИП личности може да се возат во владини возила, но нема одговор зошто е потребна набавка на нови возила, кога актуелниот премиер во повеќе наврати тврдеше дека со доаѓањето на СДСМ на власт ќе запрат непродуктивните трошења, односно луксузирањето кое било карактеристично за претходната влада.
-400 милиони евра се крадат во државата секоја година, jас ги гледам како економист, како човек што изготвувал буџети и човек кој го анализира секој годишен буџет на Македонија. Ќе сопрат кражбите во Македонија и ќе сопрат непродуктивните трошења. Јас сум убеден дека 350 милиони евра годишно одат во непродуктивни трошења кои што не се потреба на граѓаните – изјави премиерот Заев во јули 2017 година.
Пари за луксузниот возен парк од 45 возила, ќе се обезбеди од државниот буџет, односно граѓаните ќе ги отплаќаат возилата во наредните три години.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст