Здружението за унапредување на демократијата, „Форум на слободоумни патриоти“ го повикува Македонскиот народ да не наседнува, како што велат, на ефтините спинови во режија на Владата на Република Македонија. Организирање на некаква си фарса која некој сака да ја претстави како прослава во овој момент е невидена глупост, велат од здружението.
„Очекувавме Владата на Република Македонија да излезе и да им се извини на граѓаните заради тоа што во една година ништо не направи за нив, како на економски план, така и за стабилизирање на државата, а особено за неуспехот во спроведување на препораките на извештајот на Прибе.
Една ваква фарса неможе да го прикрие фактот дека оваа година во првиот квартал имаме најнизок раст на БДП, немаме реформи во образованието и здравството, судскиот систем остана заробен само во функција на друга врхушка, ни се случуваат убиства и тепачки на секој чекор, вооружени припадници на МВР вршат селективни претреси во угостителски објекти, итн. Списокот на неуспеси и глупости на оваа Влада е толку голем што ниеден ваков ефтин спин не може да го покрие тоталното фијаско“ се наведува во соопштението.
Исто така, како што додаваат, невидена дрскост е организирање на прослава во ист ден кога нивниот пријател Ципрас уште еднаш на својот твитер профил ги потсетува Заев и неговите пајташи дека дрско лажат кога кажуваат дека со срамниот договор се признава Македонски народ.
„Во пошироката изјава Ципрас ги толкува точките од договорот кои, според него, значат нивна голема дипломатска победа и исполнување на црвените линии поставени од надворешната политика на Грција со што уште еднаш кажува дека Заев, Димитров, Шекеринска и останатите дрско го лажат народот! Очекуваме оставка и кривична одгооворност за Заев и неговите пајташи, а не варси и прослави!“, се додава во соопштението на „Форум на слободоумни патриоти“.
извор: Makfax
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст