| четврток, 6 декември 2018 |

Свечено отворен „Белград на вода“, еве како изгледа внатре (ФОТО)

Изградбата на првата станбена зграда од проектот „Белград на вода“ е завршена и наскоро почнува вселувањето на првите станари. Со сечење на лента и свечен коктел, здрадата денеска и официјално беше отворена од страна на инвеситотрот и претседателот на Србија.

Кулата има 20 спрата и 296 станови, кои по структура се од двособни до петособни станови. Во зградата, покрај станбени единици, се наоѓаат и базен за деца и за возрасни, теретана, игрална за деца, рецепција

На втор и четврт спрат се наоѓаат и два подиуми со зелена површина и детско игралиште, како и подземна гаража, локали, кафулиња и ресторани на приземјето.

Проектот се реализира на милион квадрати, има 6.000 станови во кои ќе живеат 14.000 лица, а 12.000 лица ќе работат во тој дел од градот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top