| четврток, 6 декември 2018 |

Забрчанец: Сите изведувачи знаеjа дека ќе настапат на прослава по повод поканата на НАТО

Македонија и граѓаните со право, гордо и чесно ќе го прослават историскиот успех, поканата за членство во НАТО и датумот за преговори за членство во ЕУ.

Да, ова се историски успеси, ова се победи за демократијата во Македонија и заслужуваат прослава, како никогаш до сега. Кога, ако не сега?“ напиша на Фејсбук Марјан Забрчанец, советник за односи со јавност во Владата.
Тој вели дека ова не се настани како тие на ВМРО-ДПМНЕ, кога, како што додава, единствената намера била да се мобилизира партиска поддршка и да се манипулира со граѓаните.

Тој потенцира дека сите изведувачи имале потпишано договор со Владата на кој експлицитно стои за каков настан станува збор, односно, дека тие ќе настапат на музички настан по повод поканата на НАТО за членство на земјата во алијансата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top