Поранешниот селектор на хрватската репрезентација Мирослав Ќиро Блажевиќ изјави дека не сака да оди во Мисква на финалето, зашт Давор Шукер не сака да го види таму. Блажевиќ беше селектор на Хрватска на Мундијалот во 1998 во Франција, на кој „Огнените“ го освоија третото место на светот. Заедно со остатокот на штабот и екипата од тоа првенство, Блажевиќ е поканет како гостин да го следи финалето токму против „Триколорите“.
-Многу убав гест на Златко Далиќ, ама да ти е*ам сојузот во кој Далиќ мора да дава такви идеи. Знам дека Шукер, кој е мое дете, не сака да ме види таму и не сакам да му се потчинувам, вали Блажевиќ за Индекс.
Тој додава дека и порај несогласувањето со раководството на Хрватскиот фудбалски сојуз, тој ќе навива за својата репрезентација.
-Нема да отпатувам за Москва, но со целото срце сум за репрезентацијата. Навивам за нив и верувам дека можеме да ги победиме Французите и да станеме светски прваци, вели Ќиро.
Финалето меѓу Хрватска и Франција се игра в недела од 17 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст