| четврток, 6 декември 2018 |

Брза помош јуришала со 800 кг дрога наместо со пациент

Возач на итна помош која со голема брзина и со запалена сирена возел низ улиците на градот Тарим во Танзанија не превезувал болен човек туку 800 кг хат, билка која може да предизвика еуфорија кај луѓето, велат извори од оваа земја.

Хат е грмушка која расте во источна Африка и на Арапскиот полуостров, а неговите горки листови мора долго да се џвакаат за да предизвикаат еуфорично расположение.Ефектите се слични на амфетамините и класифицирани се како дрога во САД и Канада како и во поголем дел европски земји.

Конзумирањето хат е легално во соседна Кенија, но во Танзанија е забрането.

„Возило на итната помош е запрено во среда, со пуштени сиени како да превезува пациент, но во него имаше 800 кг хат“, вели надлежен од Тарим.

Додава дека возачот бил замолен да превезе болен човек, но тој рекол дека нема доволно гориво. Потоа полициско возило го пренесло болниот човек, а полицајците го забележале возилото на итна помош како кружи и го сопреле по што била најдена дрогата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top