Американецот Џон Иснер и Кевин Андерсон од Јужноафриканската Република го одиграа најдолгиот меч во историјата на полуфиналните дуели на Вимблдон.
По повеќе од 6 часа игра, и одиграни неверојатни 99 гема, дополнети и со три тај-брека, на крајот триумфираше Кевин Андерсон добивајќи го маратонот по пет сета со 7-6(8),6-7(7),6-7(11),6-4 и 26-24.
Последниот петти сет тенисерите го играа речиси два и пол часа, па на крајот му припадна на Андерсон со 26-24.
Инаку, претходно најдобриот меч во историјата на Вимблдон го играа Николас Мау и повторно Џон Иснер во 2010 година кога играа пет сета, со тоа што тогаш Мау попушти при резултат 69-68 во петтиот сет, за триумф на Иснер ос 6-4,3-6,6-7,7-6,70-68. Тогаш играат 11 часа и 5 минути.
Андерсон сега се пласираше во финалето на Вимблдон, во кое ќе го чека подобриот од пресметката меѓу Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст