Капитенот Стојанче Стоилов заедно со Даниил Шишкарев, Даниел Ѓорѓески и Мартин Поповски остануваат во ракометниот клуб Вардар и во следните сезони.
Четворицата играчи беа дел од успешниот тим во последните две сезони, кој ја освои европската титула и трофеите во СЕХА лигата и домашното првенство и купот.
Стојанче и Шишкарев се договорија со клубот за продолжување на соработката до јуни 2020 година, а голманот Даниел Ѓорѓески и крилото Мартин Поповски во Вардар ќе останат најмалку уште една сезона.
Македонскиот првак во групната фаза од Лигата на шампионите ќе игра во групата А, а новата сезона ќе почне со гостување во Франција кај актуелниот европски првак Монпелје во средината на септември
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст