САД се уверени дека Договорот со Грција ќе продолжи да се исполнува и очекува Македонија како Северна Македонија да стане членка на НАТО. Ова вечерва го изјави американскиот амбасадор Џес Бејли, кој вечерва гостуваше на вестите на Канал 5 телевизија.
Истакна дека треба да се формира Државната изборна комисија за да може таа да ги реализира подготовките за претстојниот референдум на кој граѓаните ќе го изразат своето мислење.
Прашан за исходот од референдумот, Бејли рече ова е моментот кога граѓаните на Македонија ќе треба да одлучат дали сакаат иднина во НАТО и ЕУ.
– Мислам дека ќе гласаат за ова бидејќи поддршката за НАТО постои во земјата уште од 90-тите, од независноста. Мислам дека уште од Самитот во Букурешт очигледно е дека требаше да дојде до договор со Грција за прашањето за името за да се оди напред. Тоа е тежок компромис, но мислам дека сега граѓаните на земјата имаат можност да ја видат својата иднина, рече Бејли.
Посочи дека многу пати разговарал со претседателот Ѓорге Иванов за македонската иднина во ЕУ и НАТО и тој, како што рече, долги години беил силен поддржувач на тоа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст