| четврток, 6 декември 2018 |

Гостиварец повреден во пожар кој избувнал во неговиот стан, го спасила сопругата

Во текот на вчерашниот ден, околу 22.20 часот, во гостиварската Општа болница „Ферид Мурат“ бил донесен Б.Ј. (40) од Гостивар со изгореници по телото што ги здобил во пожар во неговиот стан.

Додека спиел во дневната соба, од засега неутврдени причини избувнал пожар, кој за кусо време го изгаснала неговата сопругата која исто така се здобила со изгореници на рацете.

По укажаната лекарска помош, Б.Ј. е пренесен во скопските клиники, каде е задржан за натамошно лекување. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

(фото – илустрација)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top