| четврток, 6 декември 2018 |

Партискиот синдикат на СДСМ има приоритет кај Царовска, ама не и работниците

Организацијата на работодавачи на Македонија пристапи кон откажување на Колективниот договор за приватниот сектор во областа на стопанството. И сето ова зошто Сојузот на синдикати контролиран од владата предводена од СДСМ, не реагира на барањата на Организацијата на работодавачи на РМ. Со ова како што наведуваат од Организацијата на работодавачи се крши Уставот на Република Македонија, поточно правата на вработените во стопанството.

За ова се известени и надлежните во Владата, поточно ресорното министерство за труд и социјална политика. Но, истото очигледно не се гриижи за правата на работниците, туку се грижи за лидерот на ССМ.

Неспособноста на ресорната министерка Царовска, и партискиот синдикат,ССМ, како и незнаењето за водење на социјален дијалог создава конфликт со еден од репрезентативните синдикати за приватниот сектор, Конфедерацијата на сојуз на синдикати.

Вообичаено за СДСМ, сето тоа се прави на грб на работниците, ставајќи ги во преден план своитте интереси, поточно интересите на партиските луѓе. Царовска практично само „заседава“, свикува состаноци, ја залажува јавноста дека се прави нешто во насока за зајкнување на соработка со приватниот сектор и работодавачите.

Но, реалноста покажува нешто сосема поинаку, покажува се само не интерес за работниците одд приватниот сектор. Затоа никако да се разреши ситуцијата со Колективниот договор за приватниот сектор во областа на стопанството.

Неразрешувањето на оваа ситуација, гледањето на интересите на партискиот синдикат на СДСМ, поточно на Сојузот на синдикати на Македонија и лидерот на истиот, за чија работа имаше забелешки и од меѓународните претставници од оваа област се доведуваат во прашање само правата на работниците од оваа област, поточно од стопанството.

Каков ќе биде епилогот и во чија корист ќе покаже времето, зошто очигледно на министерката многу не и е гајле за работниците.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top