| четврток, 6 декември 2018 |

Сопругата на хрватскиот селектор: Директорот до ден денес раскажува како Златко го молел да ми даде отказ

Сопругата на селекторот на Хрватска, Даворка Далиќ за хрватските медиуми открила досега непознати детали од приватниот живот на Златко Далиќ.

Откако репрезентацијата на Хрватска избори финале на СП во Русија, целиот свет масовно започна да се интересира за Хрватска како земја, народот, фудбалерите и нивниот селектор.

– На денот на мечевите ништо не јадам, со никого не разговарам, не користам мобилен телефон и не одговарам на пораките. Кој ми е близок знае дека тогаш не функционирам како нормален човек, па не ми се јавуваат, вели селеторот Далиќ во едно интервју.

Но, неговата сопруга Даворка Далиќ со која ја прослави сребрената свадба откри детаљ кој ги изненади сите.

– Само што нашиот син Тони наполни две години јас се вработив, а него го запишавме во градинка, но тоа не одеше најдобро. Откако никој не ни излезе во пресрет од семејството, се одлучивме да ја ризикуваме мојата кариера. Директорот до ден денес ја раскажува случката дека Златко му бил првиот човек што го молел да и даде отказ на неговата сопруга, вели Даворка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top