| четврток, 6 декември 2018 |

Арсовски: Почитувани уметници, донирајте ги парите и покажете дека нечија среќа е поважна од било кој хонорар!

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски преку свој Фејсбук статус им се обрати на уметниците и музичарите кои ќе настапат утре на прославата која ја организира владата на Р.Македонија за условената покана за НАТО. Аросвки ги повикаува уметниците да бидат свесни дека како граѓани имаме реални потреби и приоритети, отколку забава, смета дека парите кои ќе се потрошат за оваа како што ја нарекува ништожна прослава, подобро е да се наменат за други работи. Тој апелира до музичарите кога веќе ќе настапуваат на настан на кој како што пишува тој нема ништо за прослава во Македонија, барем да бидат хумани, да ги донираат хонорарите на некој на кој што му е потребно и покажет дека нечија среќа е поважна од било кој хонорар!

-Драги музичари и уметници,

Со повеќето од Вас лично се познаваме и исклучително Ве почитувам и така ќе биде и понатака.

Во овој момент нема ништо за прослава во Македонија, тоа и Вие самите го знаете.

Имаме реални потреби и приоритети. Впрочем и самите споделувате по социјални мрежи разноразни постови каде што се собираат пари за лекување на деца, образување и слично.

Парите кои ќе се потрошат за оваа “голема” ништожна прослава подобро е да се наменат за други работи.

Има деца кои немаат основни услови за живот, има деца и луѓе на кои им се потребни огромен број на средства за лекување, има семејства кои немаат пари леб да јадат на дневна основа или немаат каде да живеат, има таленти спортисти кои немаат пари да отидат на натпревар.

Ситуацијава воопшто не ни е за славење. Знам дека се сложувате со мене и знам дека секојдневно сте погодени од било какви ситуации што чекаат помош.

Затоа почитувани Уметници, музичари, луѓе со големи срца. Бидете кул, бидете хумани и направете го вистинскиот потег, бидејќи Вие сте поважни и поголеми од политиката, донирајте ги парите на некој што му е потребно и покажете дека нечија среќа е поважна од било кој хонорар!

На крајот од денот кога сите Вие почитувани сте изиграни и изманипулирани од Владата, бидете поголеми и над сé и со донацијата покажете им дека Вие сте сепак луѓе кои се на страна на народот и не Ви е до славење.

Во спротивно се согласувате дека ситуацијата е идеална во државава. 🇲🇰

П.С. Читам дека некои не знаат сеуште дали ќе настапат, така да ако не настапат апсолутно ги поддржувам 🇲🇰

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top