Владата е транспарентна само кога се фали. Портпаролот не одговара на нашите пораки и повици, а премиерот Зоран Заев изјави дека се уште не се пребројале колку народни пари ќе чини владиниот пир во 15 градови, со 15 бини, 15 озвучувања, 15 огномети, 15 осветлувања, 40 артисти. Но, во истото соопштение од Владата премиерот вели и дека „целата програма е колку две театарски престави што ги финансира државата“, што дополнително внесува конфузија во морето нејасностии во врска со прославата. Ова негова изјава отвора уште едно прашање – „Театарски претстави, каде? Во Њујорк?“.
Да ги оставиме театарските претстави и да се вратиме на владиниот пир. Она што ја интерисира јавноста, а не интересираше и нас од „Република“ и нетрпеливо чекаме да дознаеме е кога службите за односи со јавност ќе ја објават висината на трошоците.
Прашањата што останаа неодговорени ги објавуваме јавно и ги охрабруваме службите за односи со јавноста да ѝ одговорат на јавноста:
- Колку ќе чини прославата што ја организира Владата вкупно и за секој град одделно?
- Кога е распишана јавната набавка за прославата?
- Преку која фирма се набавуваат бините, озвучувањето, осветлувањето?
- Колку чини ангажманот на пејачите?
- Дали некои пејачи го откажале настапот?
- Дали со прославата Владата започнува предвремена кампања за референдумот?
Според слободни проценки, а тоа го потврдуваат и коментари на луѓе кои учествувале во организација на политички настани од олкав размер, манифестацијата ќе чини околу милион евра.
Да се организира политички настан, каков што несомнено е овој, предвремена кампања за референдумот, во исто време на повеќе локации, бара голема организација. Како што рековме, треба да се обезбедат 15 бини, 15 озвучувања, 15 огномети, 15 озвучувања, голем број камери, фотографи, дронови, но и водители. Сето ова ќе треба да се плати, како што рече премиерот „од Буџетот“ и на крајот, да не ги заборавиме четириесетте хонорари за пејачите.
Во меѓувреме, откако беше објавен текстот, добивме одговор од портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски. Во кусата порака стои дека одоговрите на нашите прашања се содржани во соопштението испратено од владата, а за оние прашања што остануваат неодговорени (во соопштението е содржан одговорот САМО на првото прашње од шесте)„сите информации ќе бидат јавно и транспарентно објавени кога ќе завршат сите процедури“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст