Репрезентацијата на Хрватска во финалето на фудбалското Светско првенство (СП) против Франциија нема да игра во среќните црни дресови со кои стигна до финалето.
Светската фудбалска федерација (ФИФА) ја одреди Франција како домаќин на финалето, така што екипата на Дидие Дешамп ќе игра во темносините дресови, а Хрватска се враќа во црвено-бела комбинација.
Во овие дресови Хрватска го отвори првенството против Нигерија, кога победија со 2-0.
Но Модриќ и компанија во црните дресови ја победија Аргентина со 3-0, Исланд со 2-1, Данска и Русија по изведување на пеналите и Англија во продолжението со 2-1.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.