| четврток, 6 декември 2018 |

Пандов: Утрешна журка на Заев ќе дојде до цената на Мерцедесот

– Денес мене, а верувам и на поголем дел од македонска јавност, не интересира дали Миле и Роберт, конечно направиле пресметка колку пари ќе не чини утрешна журка на Зоран Заев. Поради тоа што сум учествувал во организирање на партиска кампања, а овој настан е токму тоа, референдумска кампања на СДС и ДУИ со државни пари, пишува политичкиот аналитичар александар Пандов на својот Фејсбук профил.

– За настанов потребни се: Бини, осветлување, озвучување, голем број на камери и дронови (за од тоа да направат видео спот), огномети, водители и сето тоа х 15, плус хонорари за 40 уметници. Ако Шилегов избоксувал да има шанкови и ваучери, сметката, по моја слободна проценка сигурно ќе дојде до цената на Мерцедесот, ако не и повеќе, додава тој.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top