| четврток, 6 декември 2018 |

Дали Ареа ќе ја свират химната за влегување во воен сојуз: Сонуваш да си слободен, а ти во раце криеш оружје?

Што пееја и што ќе испеат в сабота на прославата за продажба на државата и за влезот во НАТО „четириесетте артисти“.

Дали Ареа ќе ја свират “Слободен”: “Сонуваш да си слободен а ти во раце криеш оружје”? Химна за влегување во воен сојуз! Чајгија и Љубојна ваљда за чупите костурчанки? САФ од владата за владата: “Екс социјалисти капиталци на мисија, Со ѓаволот во коалиција зборам вистина, луѓе газат преку живи луѓе до позиција, aдекватноста не е важна, важно си на функција” и за непроменливата скопска ситуација од 98ма. Архангел свират за владата пошто нe се од овде и на никого не припаѓаат! Uber Makedonishe: “пат во Европа провинциска слава со см’кнати гаќи и опинок во глава” ? PMG ?! OMG! Они гледаа граници, убијци, лудаци, терористи, хуманитарци, живи мртовци и вести! А стватно им беше смачено од нивните религии и политики и договори и преговори! али и тоа се смени… Се надевам Нокаут ќе ја свират “Bo бестрага” … СЕКОЈ ИМА ЦЕНА… 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top