| четврток, 6 декември 2018 |

Не одигра ни минута на Светското во Русија, но на убавата девојка многумина ќе му позавидат (фото)

Еден од најмладите членови на хрватската репрезентација, дефанзивацот Дује Чалета- Цар, ова Светско првенство во Русија ги поминува можеби најсреќните денови од својот живот. Освен што неговата репрезентација влезе во финалето на СП, 21 годишниот играч на австриски Салзбург, иако ниту една не влезе во игра на Мундијалот, во Русија ужива во друштво на неговата девојка Адриана Ѓурѓевиќ.

Таа е пет години постара од репрезентативецот и работи како правник во Дубровник, а во слободно време работи како фото модел.


Парот се запознал минатата година во Загреб, а на СП во Русија овие денови таа привлекува се поголемо внимание со своите фотографии.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top