| четврток, 6 декември 2018 |

Мицкоски: Го поддржуваме секој протест против оваа влада

Секој мирен протест, секој израз на револт на секој граѓанин на Република Македонија, без разлика на темата, јас знам дека сега е инсензибилизирана ситуацијата во државата. Сепак луѓето имаат чувство како нешто да им се одзема на сила како нешто да се трга да се двои од нив, ние ги подржуваме и тука немаме никаква дилема, рече Христијан Мицкоски во неговото интервју на телевизија Сонце во емисијата „Јади бурек“.

Тој додаде дека одредена група блиска до институциите и блиски до владата на Заев имале за цел да предизвика инцидент на еден мирен протест каде што народот излегол да го искаже својот револт од погрешните политики на владата на СДСМ и Заев, со цел ВМРО-ДПМНЕ да биде преставено како насилна партија и радикален елемент.

Мицкоски потенцираше дека полицијата се однесувала насилно кон протестирачите кои мирно излегле да протестираат против договорот со Грција, нарекувајќи го капитулантско дело на владата на Заев. Тој истакна дека МВР се бранела со изјава дека го спречиле народот повторно да влезат во Собранието и да се случи нов 27 април, посочувајќи дека граѓаните мирно протестирале, но биле нападнати од страната на полицијата на Спасовски, а целта им била да го заплашат и замолкнат народот кој не се согласувал со политиката на Заев за промена на уставното име.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top