Во вечерашното гостување во емисијата „Јади бурек“ на ТВ Сонце, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски изјави дека во наредниот период ќе бидат објавени анкетите за рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ, посочувајќи дека ВМРО-ДПМНЕ има сериозна предност пред СДСМ.
– Јас сум свесен дека сега доаѓа период кога ќе се измислуваат работи за мене, кога ќе се прават конструкции, ќе има разно разни притисоци, мешетарења, лево, десно, врз ВМРО-ДПМНЕ и врз Христијан Мицкоски. Но, ние мораме да сфатиме некои работи, дека не може нештата на сила да се тераат. Не може нешто што ветувал Зоран Заев, а што не може да го исполни, два милиона луѓе да ги носат последиците од тоa – вели Мицкоски.
Мицкоски додаде дека нема притисоци, туку реални односи со меѓународната заедница и различни аргументирања, истакнувајќи дека се командува од мотивот и чиста цел.
-Никој не може да притиска кога станува збор за ваше внатрешно прашање кое што вие треба самите да си го решите, рече тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст