| четврток, 6 декември 2018 |

Ни се случи истото од 2008 година

На Самитот на НАТО се случи истото што се случи и во 2008 година, смета претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

-Погледнете го заклучкот од 2008 година и сега. Велат „решето го спорот со Грција, сменете го Уставот, сменете го името“ – изјави Мицкоси во гостувањето во емисијата „Јади Бурек“ на ТВ Сонце.

Мицкоски потенцираше дека Македонија сѐ уште нема добиено покана за влез во НАТО, туку оти ќе добие кога договорот со Грција ќе влезе во сила. Според него,  заклучоците се исти, само што сега позициите на Република Македонија се распаднати.

-Ќе треба време да се санираат овие позиции. Тоа е разликата меѓу 2008 и 2018 година. Нема никаква суштинска разлика, споредете ја 2008, споредете ја 2018, ќе видите дека нема никаква разлика. Истото е и со отпочнувањето на т.н. договори со Европската унија. Добивме датум дека ќе добиеме датум – појаснува Мицкоски.

Потенцира дека догодина во јуни ќе се направи ревизија на напредокот на Република Македонија во четири клучни области, покрај условот за спорот со Грција, и тогаш Европската комисија ќе ја разгледа можноста за доделување датум. Според него, тоа најрано би можело да почне декември 2019. година.

-Ние добивме двоен датум. Едниот е на пократок рок, другиот е на подолг рок, до јуни, рече Мицкоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top