Хрватска живее во сон откако најдобрите фудбалери на таа земја се пласираа во финалето на Светското првенство кое завршува в недела, кога во 17 часот е закажан финалниот меч со Франција.
Во Загреб веќе се подготвува свечен пречек за фудбалерите, но изненадување подготвуваат и играчите.
Шпанските медиуми тврдат дека капитенот Лука Модриќ открил што ќе направат неговите соиграчи ако Хрватска стане светски фудбалски правак.
– Јас и сите играчи ќе ја обоиме косата. Цела Хрватска слави, сите се на нозе, а луѓето заслужуваат среќа – вети капитенот. Тој додадава дека физички добро се чувстуваат иако одиграа три продолженија, што е вкупно 90 минути повеќе од Французите.
– Физички се чувствуваме добро и така ќе биде и во финалето – рече Модриќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.