| четврток, 6 декември 2018 |

„Тато, тато, па ти си во финалето на фудбалското СП“

Откако фудалерите на Хрватска прославија, се исплакаа и се изнарадуваа, на истото место на кое ја победија Англија, ги повикаа своите најмили. Децата, некои и во два броја поголеми дресови, излегоа на тревата, а поголемиот дел не беа ни свесни што направија нивните татковци.

За неколку години сигурно гордо ќе ги покажуваат овие фотографии од теренот на стадионот „Лужники“ во Москва и гордо ќе речат: Ова сум јас, а ова е татко ми. Тој ја победи Англија и се пласираше во финалето на фудбалското СП – пишува хрватски „24 сата“.

Облечени во репрезентативни дресови, на тревникот се стрчаа малите верзии на Иван Перишиќ, Домагој Вида, Иван Стриниќ, Дејан Ловрен, Марцело Брозовиќ… и некои од нив, веројатно, ќе бидат наследници на играчите, кои в недела против Франција ќе се обидат да влезат во легендите како светски шампиони.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top