| четврток, 6 декември 2018 |

Сите се заедно во иста соба: Објавени првите снимки од спасените момчиња во Тајланд (видео)

Moмчињата и нивниот тренер кои повеќе од 2 недели беа заробени во пештера на Тајланд успешно се опоравуваат во болница. Тајландските власти ги објавиле првите снимки од младиот фудбалски тим од болницата.

Тие им се заблагодариле на сите кои им помогнале да излезат на површина, со традиционален тајландски поздрав – споени дланки. Сите заедно се во иста соба, со маски на лицето, судејќи по снимките, во добро расположение.

Момчињата во моментов се во карантин, бидејќи лекарите стравуваат од инфекции, поради што е забранет дури и физички контакт со родителите.

Родителите на првата група која беше извлечена во неделатата, на 8. јуни, добиле дозвола да ги посетат, но морале да носат заштитна облека и да стојат одалечени најмалку 2 метри од нив. Едно од момчињата од последната група има инфекција на белите дробови, а сите останати добиле вакцини против беснило и тетанус.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top