| четврток, 6 декември 2018 |

Ракитиќ откри каква драма преживеал пред мечот со Англичаните

Хрватскиот репрезентативец Иван Ракитиќ на шпанските медиуми им откри каква драма преживеал пред историското полуфинале со Англичаните.

– Имав многу јака грозница, имав температура 39 степени. Лежев во кревет и собирав сила. Вредеше. Ако треба, финалето ќе го играм и без една нога – изјави Ракитиќ.

Според репрезентативецот, пласманот на Хрватска во финалето на СП е чудесен успех.

– Одлично работевме од почеток до крај. Имавме повеќе сила од Англичаните, иако игравме три продолженија. Денеска победи подобрата репрезентација – изјави популарниот „Ракета“.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top