| четврток, 6 декември 2018 |

Милошоски: Поканата за членство во НАТО како покана за членство во ОПЕК

После “датумот за можен датум” од ЕУ, Македонија од @NATO доби малку полоша верзија од истото што го имаше и во 2008, условна покана т.е сменете го името (овој пат и Уставот), па ќе ви ја дадеме поканата за членство, коментира пратеникот Антониот Милошоски на Фејсбук.


Милошоски смета дека според логиката на Заев и СДСМ поканата за членство во НАТО е како да сме добиле покана за членство во ОПЕК, но таа гласи, „најдете нафта, почнете со производство на 500.000 барели дневно, и ќе ви ја дадеме поканата“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top