Времето во Македонија е сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северозападен ветер. Утринската температура се движеше од 10 до 18, а дневната од 27 до 34 степени. УВ индексот изнесува 9. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Утринската температура се спушти и до 15, а дневната се искачи до 31 степен.
До крајот на работната недела ќе се задржи претежно стабилно и потопло време. Во петок ќе има услови за краткотрајна нестабилност на северот и ќе започне да дува поинтензивен северен ветер. За време на викендот се очекува појава на локален дожд и ретки грмежи, а ќе дува повремено засилен северен ветер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.