| четврток, 6 декември 2018 |

Дрвјата во Скопје асфалтирани (ФОТО)

Да, добро прочитавте – во насловот на текстот нема гршка. Дрвјата во Скопје се асфалтирани, ич да не ги мислите. А ако ве интересира како и зошто, најубаво да прашате во општина Карпош и во Град Скопје. Само Стефан Богоев и Петре Шилегов можат да ви одговорат на тие филозофски прашања. Кога ќе прашувате, спомнете им дека дрвјата се наводнуваат околу стеблото, блиску до коренот, очигледно не знаеле.

Дрвово на фотографијата е едно од петнаесетте е свежно асфалтирани млади дрвја кај хотелот „Александар Палас“ и најверојатно ќе се исуши за три месеци. Ако стегнат горештини – и побрзо.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top